23 март 2007

Ко бајаги Комаја...

Ало,
Баш сега читав во весник дека македонските комајци шетаат по училиштата и предлагаат нов метод на сексуално еротска едукација кај младите ѓоа да ги научат како подобро да се спознаат, неофицијално со дозвола од владините институции. Па се прашувам, што ќе следи после, професионален вовед во бедните порничи снимени на мобилките за да се научат децата како полесно да останат бунтовници без причина, заложба за нов македонски Вудсток?
Земи сé што животот ти нуди и легни со секој што ке ти се насмее под мустаќ без разлика на раса, пол и вероисповест? Која глупост? После тоа веројатно ќе следи јавно прогласување на дискриминација во школско образовниот систем бидејќи постојниот не им дозволува на учениците јавна егзекуција на своите нови сексуални навики? Па кутрите се приморани да снимаат по ходници, хаустори, училници, јавни ве-це-а, во тајни соби во секакви комбинации, а можеби во скора иднина како запоставени ќе ги вклучиме и домашните миленичиња и сите ќе бидеме едно мало среќно семејство, по урнекот на една легална европска партија за општење со деца и животни? Не би ме зачудила скорешната појава на оваа варијанта кај нас, па нели со сите сили едномислено сакаме во секој поглед да се приближиме кон големото европско семејство? Само уште една прикачена инфекција од демократија во онака излитениот систем на вредности? Она што следи ќе биде легализација на хомо браковите? Да видиш да не веруваш!!!
Абе, јас предлагам тие сексуални финеси да се практикуваат под строг надзор на чуварите на еден нов Голи оток. И онака
веќе споменатите комајци се сунчаа пред некоја година на еден од хрватските брегови, онака среќно голишави во семинарско групно расположение па удри на кој ќе стигнеш, каде што ќе стигнеш и со што ќе стигнеш. Па што ќе им фали во доброволна изолација на превоспитување, во околина каде што се гледаат само карпи, бранувано море и чиста голотиња? Голи оток е створен за тоа. Вратете му го сјајот драги хрвати.
Што да се каже друго од овој збир на невкус, неморал и пад на секоја вредност, етика и воспитување, похотно конзумирано од личност што треба да го даде својот печат во општеството и создавањето на идно семејство? Јас би рекол, народ кој има ваква младина, можеби ќе ТРЕБА ДА СЕ ЗАПЛАШИ за својата иднина!!!