Благица ИВАНОВА
Деца на сонцето и цвеќето, да знаете дека вашата мајка Земја ја населив со три раси, белата раса Македоноиди, жолтата Монголоиди и црна раса, која ја нареков Негриди. Преостанатите луѓе се сите Мулати. Од вас Македонците белата раса ја зачнав и ја раширив се до Јапонско Море. Сите бели луѓе ваши браќа се, затоа што носат ген македонски и сите преселби од кај вас почнаа, па на Север.
Ова е дел од обраќањето на Бог кон Македонците во краткиот филм „Македонска молитва“, што Македонската телевизија го емитуваше непосредно пред новогодишната ноќ.
Според објаснувањето на Бог во филмот, со ваквото „откритие“ се доцни, зашто „зли ѓаволски души лажеа и ги искушуваа Македонците повеќе од 1.000 години“. Автори на филмот, кој се емитуваше и на сателитскиот канал на Македонската телевизија, се Ниче Димовски и Владо Денчов.
Според историчарот Тодор Чепреганов, ваквите информации се непознати за историската наука во светски рамки и се обид за митологизација на историјата.
- Пораките може да имаат несогледливи последици најмногу за умот на малите деца. Ова наликува на пораките на Хитлер, кој ја бараше ариевската раса се до Инидија. Група луѓе во Македонија се обидува да создаде некаква нова историја за која нема аргументи. Не знам дали забораваат дека во светот има и други историчари кои ќе се запрашаат што ни е нам, на Македонците - вели професор Чепреганов.
Тој објаснува дека Институтот за историја не може да реагира на секое лудило и невистина, зашто во последно време такви работи има навистина многу.
Според уредникот на списанието „Маргина“, Никола Гелевски, филмот е пример за тоа како се пумпа официјалното лудило во земјава.
- Ниче велеше дека најзанимливите и најлудите историски епохи се оние во кои комедијантите од сите видови станале вистински господари. Ние, во Македонија, за жал, живееме во една таква фарса од епоха. Нашите вистински сегашни господари ги олицетворуваат грамадните комедијанти од типот Латас (ликвидатор на поинакумислечките), Јади бурек (популистичко просташтво од најнизок тип), Томиќ („Македонецот проверено има најголем мозок!“), Мирка (стручњак за генетика), Неделко (конспирации). Вистински хорор и кошмар - вели Гелевски.
Ваквите „податоци“ се неспоиви со теоријата за еволуцијата на човекот и белата раса, тврди професорката по антропологија, Сузана Симоновска.
- Ова повеќе е пародија отколку некаков документарец. Испаѓа дека ние сме први на овој свет и по нас следува потоп. Ова се коси со моите размислувања за идентитетска нација - смета професорката Симоновска.
Во изминатиов период јавноста е бомбардирана со разни „откровенија“ на квазиарехолози историчари, а како најсвеж е примерот дека Македонците имаат заеднички корени со пакистанското племе Хунзи, коментираат експертите, како и наводните нови толкувања на текстовите од Каменот од Розета.
Советот за радиодифузија ќе го гледа филмот
Советот за радиодифузија најави дека ќе го погледне краткиот филм „Македонска молитва“ и до понеделник ќе излезе со сопствено мислење.
Советот е независно тело низ кое се филтрираат сите содржини што се емитуваат на националните и приватните телевизии.
- Многу е тешко постојано да се внимава какви содржини се емитуваат на 68 телевизии со целодневна програма. Во основа не сакаме да навлегуваме во уредувачката политика на независните продуценти. Можеме да изречеме санкции и препораки - вели претседателот Зоран Стефановски.
Санкции се изрекуваат само ако се утврди дека некоја емисија или програма повикувала на уривање на уставниот поредок, ако се загрозува психичкиот и физичкиот развој на малолетниците и ако се повикува на верска, расна и на национална омраза.
п.с. Ова ме потсеќа на еден виц за србите каде што се вели: Јел знаш бре да су срби божанствени народ? Ходају по рају али су и голи и боси!!!

Нема коментари:
Објави коментар