11 април 2007

Кој тоа таму пее???

Администрацијата на претседателот Џорџ Буш и Пентагон се меѓу носителите на наградата „Замолчување на годината“ за 2007.

Центарот за заштита на слободата на говорот „Томас Џеферсон“ секоја година им доделува „награди“ на оние што, според него, најмногу го прекршиле основното човеково право, односно Првиот амандман.
Добитниците се објавуваат на 13 април - роденденот на претседателот Томас Џеферсон.
Според центарот, администрацијата на претседателот Буш се обидела да ги обесхрабри, модификува и понекогаш да ги цензурира научните извештаи и трудовите поврзани со глобалното затоплување.
Пентагон е критикуван поради тајната истрага за организациите - иницијатори на мирни антивоени протести.

Специјална екипа од 2003 досега ја следи и електронската пошта на учесниците на протестите. Работата на овој тим беше откриена во минатата година.
Меѓу оние на кои ќе им припадне ова признание е и членот на Претставничкиот дом на Американскиот конгрес, Пит Кинг, кој побара истрага за шпионажа против весникот „Њујорк Тајмс“ поради откритијата дека федералната влада следи меѓународни банкарски трансакции.
(преземен текст)

Сега многу лесно може да се заклучи кој тоа се обидува да му ги затвори ушите и очите на својот народ и постојано да го држи во стрес предизвикан за следење на трендот на глобалните светски интереси за сметка на некаква си безбедност и борба против тероризмот, а во името на некаква демократија на која сите ние се огледуваме денес. Злото предизвикува зло, велат, војната предизвикува војни, а смртта смрт од освета. Бумерангот во светски рамки им се враќа секогаш повеќекратко на оние што го испуштија од рака, а изгледа дека историјата некои неможат да ја научат и покрај безбројните повторувања низ вековите, дека апсолутно не можете да контролирате нешто доколку тоа не сака да биде контролирано од вас. Кога тогаш, тензијата мора да пукне. Така беше со вековното ропство, ослободителните војни, колонијалните поседи, па модерното ропство на расната дискриминација против обоените која владееше и во минатиот век, виетнамската војна, еве сега и Ирак итн.
Ако државникот со најмал коефициент на интелегенција до сега не може да се сети каде го води својот народ и во чие име, го разбирам. Прво треба да научи да вози велосипед, оти за малку идиотски ќе загинеше од неколкуте падови, па треба да научи како се џвака тврда храна, оти исто така не толку одамна ќе се задушеше со јадење на переци, иако на никој и немаше да му предизвика некоја голема штета. А потоа, треба да научи да го слуша гласот на својот народ! Не постои ниту една земја која може да се нарече колевка на демократијата а да се соочува до ден денес со вакви инфантилни загонетки и "награди" за затупување на сопствениот народ и убивање на вистинските државници во замена за сурогат династии!

Нема коментари: